• среда, 25 декември 2024

Полска и Чешка го продолжуваат периодот на граничните контроли со Словачка

Полска и Чешка го продолжуваат периодот на граничните контроли со Словачка

Варшава, 22 ноември 2023 (МИА) - Полска и Чешка ги продолжуваат граничните контроли со Словачка до 3 декември, односно 3 јануари. Одлуката е поврзана со обидите на двете земји да го запрат протокот на мигранти кои доаѓаат од Словачка.

Словачка е транзитна земја за мигранти од Блискиот Исток и Авганистан кои сакаат да стигнат до Западна Европа и особено Германија. Тие минуваат низ Србија и Унгарија.

Бројот на илегални мигранти кои влегле на словачка територија досега оваа година е повеќе од 46 илјади луѓе, повеќе од шестпати повеќе отколку во истиот период лани. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан