• среда, 27 ноември 2024

Полска и Литванија ќе ги повлечат своите амбасадори од Минск

Полска и Литванија ќе ги повлечат своите амбасадори од Минск

Варшава, 6 октомври 2020 (МИА) - Полска и Литванија денеска одлучија да ги повлечат своите амбасадори од Минск, како одговор на потегот на Белорусија во петокот да ги врати своите амбасадори од Варшава и Каунас.

Полска покани и некои други членки на Европската унија да ги повлечат своите амбасадори од Минск на консултации.

Белорусите побараа Полска и Литванија да не се мешаат во нивните внатрешни работи, наведувајќи дека активностите на тие две земји се деструктивни.

Полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау на Твитер порача во понеделникот дека се координира со Европската унија.

„Донесовме заедничка одлука да ги повлечеме амбасадорите од Белорусија на консултации. И благодариме на ЕУ за нејзината солидарност со нас и Литванците, но и за обидот за воведување демократија, што е наша цел", беше напишано на Твитер.

Остани поврзан