• вторник, 24 декември 2024

Полска забрани увоз на украинско жито

Полска забрани увоз на украинско жито

Варшава, 15 април 2023 (МИА) - Полска забрани увоз на жито и друга храна од Украина со цел да го заштити својот земјоделски сектор.

Големи количества украински жито, што е поевтино од тоа што е произведено во Европска Унија, заврши во Полска и други централноевропски земји, што доведе до намалување на цената и ја погоди продажбата на локалните земјоделци.

Тоа создаде политички проблем за владејачката партија Право и правда во изборната година.

- Ние сме и остануваме непроменети пријатели и сојузници на Украина. Ќе ја поддржиме и ја поддржуваме … Но, должност на секоја држава, на секоја власт, добра власт е во секој случај е да ги заштити интересите на своите граѓани, изјави лидерот на Право и правда, Јарослав Качински.

Тој додаде дека Киев е информиран за одлуката, како и оти Полска е подготвена да започне преговори со Украина за решавање на проблемот со житото. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан