• среда, 18 декември 2024

Полската проевропска влада отповикува 50 амбасадори назначени од претходната, десничарска влада

Полската проевропска влада отповикува 50 амбасадори назначени од претходната, десничарска влада

Варшава, 13 март 2024 (МИА) - Новата влада на Полска објави одлука за повлекување   50 амбасадори назначени од претходната, десничарска влада.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи, Владата на премиерот Доналд Туск сака да ги подобри своите дипломатски претставништва во време на предизвици.

На крајот на минатата година, по осум години десничарски конзервативци и затегнати односи со Европската унија, граѓаните на Полска избраа полиберална влада што се залага за поблиска соработка со Брисел.

Во соопштението не се споменува во кои земји ќе бидат сменети полските амбасадори, но Министерството за надворешни работи на чело со шефот на дипломатијата Радек Шикорски наведува дека одлуката ја одобрил премиерот Туск и дека постапката е започната. зш/

Остани поврзан