Положување цвеќе на Споменикот на жртвите на Холокаустот во Битола
- По повод 11 Март - Денот на депортацијата на македонските Евреи, 82 години од холокаустот на македонските Евреи, собраниска делегација составена од пратениците Пеце Милевски, Олга Лозановска и Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ќе положи цвеќе на Споменикот на жртвите на Холокаустот од Битола и на Споменикот на Естреја Овадија-Мара во Битола.

Скопје, 9 март 2025 (МИА) - По повод 11 Март - Денот на депортацијата на македонските Евреи, 82 години од холокаустот на македонските Евреи, собраниска делегација составена од пратениците Пеце Милевски, Олга Лозановска и Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ќе положи цвеќе на Споменикот на жртвите на Холокаустот од Битола и на Споменикот на Естреја Овадија-Мара во Битола.
Како што најави собраниската прес-служба, собраниска делегација утре ќе положи цвеќе на Споменикот на депортираните Евреи од Штип, а задутре во Скопје на Споменикот на 7.144 депортирани македонски Евреи, поранешен скопски Монопол (Империјал Тобако ТКС), на Споменикот на депортираните Евреи - Еврејски гробишта и на Споменикот на паднатите борци во НОБ.лв/
фото: МИА архива