• среда, 25 декември 2024

Положено цвеќе пред бистата на бранителот Игор Драганов

Положено цвеќе пред бистата на бранителот Игор Драганов

Скопје, 24 октомври 2024 (МИА) - В.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска положија цвеќе пред спомен-обележјето на загинатиот бранител Игор Драганов, кој пред 17 години го загуби животот, бранејќи ја татковината, информираат од Општина Аеродром.

Одбележувањето на годишнината од смртта на Игор Драганов се одржала во Долно Лисиче во паркот, во кој минатата година Општина Аеродром постави биста со неговиот лик.

Покрај Тошковски и Митески, цвеќе положиле и претседателот на Советот, Антонио Петковски, дел од советниците, претставници на Здружението на загинати бранители, како и членови на семејството на Игор Драганов.

Настанот го збогатиле и ученици од ООУ „Гоце Делчев“ кои со својот рецитал му оддале должна почит и потсетиле на храброста и на херојскиот чин, со кој Игор стана дел од бранителите на државата и доби место меѓу најсилните, најхрабрите и најпочитуваните. сст/нд/

фото Општина Аеродром

Остани поврзан