• понеделник, 23 декември 2024

Половичен ефект на македонските екипи во АБА 2

Половичен ефект на македонските екипи во АБА 2

 

Нови Сад, 31 јануари 2024 (МИА) – Две од трите македонски екипи во АБА 2 лигата денеска имаа половичен ефект, откако Пелистер забележа победа над Шибенка, додека ТФТ Моцарт претрпе пораз од Суботица.

Кошаркарите на битолски Пелистер до третата сезонска победа дојдоа по продолжение на денешниот дуел во Нови Сад, триумфирајќи над Шибенка со 85-78, откако натпреварот во регуларниот дел заврши 69-69.

Најефикасен во битолскиот состав беше босанскиот интернационалец Јуре Планиниќ, кој го заврши натпреварот со 26 поени, додавајќи 14 скокови и две асистенции.

Скопски ТФТ Моцарт беше немоќен во пресметката со Суботица и загуби со убедливи 93-64 со што го претрпе осмиот пораз во деветтиот натпревар. Алан Луис со 15 поени беше најистакнат поединец во тимот од Скопје.

Во следното коло во рамки на турнирот во Нови Сад, кошаркарите на Пелистер в петок ќе играат против Хелиос Домжале, додека ден подоцна ТФТ Моцарт за противник ќе ја има екипата Шенчур.

Третиот македонски претставник во АБА 2 лигата, МЗТ Скопје Аеродром, вчера го совлада Шенчур (75-73), а во следното коло в петок ќе игра против Шибенка. ег ФОТО: КФСМ

Остани поврзан