• среда, 25 декември 2024

Половина тим на Баерн под знак прашалник за дуелот со Арсенал

Половина тим на Баерн под знак прашалник за дуелот со Арсенал

Минхен, 6 април 2024 (МИА) - Голманот Мануел Нојер останува надвор од теренот за гостувањето на Баерн Минхен кај Хајденхајм во сабота во Бундеслигата. Тој е меѓу петте отсутни за натпреварот, објави тренерот на Баварците, Томас Тухел.

Нојер (38) доживеа потрес на мозокот пред повеќе од две недели додека беше на должност со германската репрезентација. Тој ги пропушти победите во пријателските натпревари против Франција и Холандија, како и поразот на неговиот клуб Баерн од Борусија Дортмунд со 2-0, што практично стави крај на надежите за одбрана на домашната титула.

Свен Улрајх ќе биде на голот на гигантот од Минхен денеска, додека Нојер се очекува да се врати на теренот следната недела кога Баерн ќе му гостува на Арсенал во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Натпреварот со Хајденхајм ќе го пропуштат и напаѓачите Кингсли Коман и Лерој Сане, средниот бек Александар Павловиќ и дефанзивецот Нусаир Мазрауи.

-Не станува збор за тоа некој од петмината да се одмори пред нашиот натпревар во вторник. Тие не се во составот бидејќи не се целосно фит, така што има прашалници и за вторник. Нема ни да внимаваме кој колку минути игра, рече Тухел.

Шефот на Баерн Минхен додаде дека неговата екипа треба да победи на гостувањето во Хајденхајм минатиот викенд пред да размислува за Арсенал.

-Имаме класичен случај Давид против Голијат пред страсните домашни навивачи кои ќе ги поддржат. Потоа ни претстои голем натпревар и ќе се концентрираме на тоа, но не можеме да го прескокнеме она што не чека во сабота, прокоментира Томас Тухел. дс

Фото: Архива

Остани поврзан