• сабота, 23 ноември 2024

Половина од еврејските заедници во Германија пријавиле случаи на антисемитизам

Половина од еврејските заедници во Германија пријавиле случаи на антисемитизам

Берлин, 7 октомври 2024 (МИА) - Повеќе од 40 отсто од еврејските заедници во Германија регистрирале случаи на антисемитизам во текот на изминатата година, покажува истражување објавено денеска, пренесува ДПА.

Извештајот е објавен од Централниот совет на Евреите во Германија по повод годишнината од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година.

Околу 82 отсто од испитаниците изјавиле дека станало поопасно да се живее како Евреин во Германија, што е зголемување од 4 проценти во споредба со претходното истражување. ссм/

фото: архива

Остани поврзан