• четврток, 26 декември 2024

Половина од вработените во Фејсбук ќе работат од дома

Половина од вработените во Фејсбук ќе работат од дома
Лондон, 22 мај 2020 (МИА) - Генералниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг најави дека очекува дека во следните десет години околу 50 проценти од вработените во компанијата да  работат од дома. Сепак, тој додаде дека платите ќе бидат намалени за вработените кои живеат во други делови на Соединетите Американски Држави каде трошоците за живот се пониски отколку во Силиконската долина. - Ние плаќаме многу добро, всушност најмногу на пазарот, но плаќаме по пазарни цени, кои се разликуваат од локација до локација, така што тој принцип ќе продолжи да се применува и во овој случај, рече Закерберг. Во „Фејсбук“ се вработени околу 50.000 луѓе, а компанијата планира да изгради три нови регионални централи во Атланта, Далас и Денвер за повремени собири на вработените кои живеат во близина на тие градови. Според Скај њуз, сè уште не е познато каков финансиски ефект врз компанијата ќе има трансферот на голем број вработени на работа од дома, но додава дека покрај одредени заштеди кога станува збор за имот, храна и, потенцијално, заработка, предвид треба да се земе и обезбедувањето опрема за таква работа, што би можело да излезе скапо. паг/

Остани поврзан