• четврток, 26 декември 2024

Половина од возрасните Британци примиле барем една доза од вакцината против Ковид-19

Половина од возрасните Британци примиле барем една доза од вакцината против Ковид-19
Лондон, 20 март 2021 (МИА) - Половина од возрасните Британци примиле барем една доза од вакцината против Ковид-19 со што Велика Британија стана првата голема светска економија што го достигна тој праг. Министерот за здравство Мет Хенкок на Твитер напиша дека бројката е достигната по рекордните 660.276 вакцинации во петокот. Израел е лидер во вакцинацијата на населението, следат Обединетите Арапски Емирати, Чиле и Велика Британија, бидејќи инвеститорите внимателно набљудуваат кои економии би можеле да закрепнат први. „Вакцината е национална успешна приказна и тоа е нашиот излез од оваа пандемија“, напиша Хенкок, додавајќи дека е „воодушевен“. Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа ја прими првата доза на вакцина против Ковид-19 на „АстраЗенека“ и ги повика луѓето да го следат неговиот пример. Џонсон беше вакциниран на денот кога европските земји ја продолжија употребата на вакцината на „АстраЗенека“, откако регулаторот на лекови за ЕУ ​​објави дека придобивките од вакцината ги надминуваат сите ризици. Дистрибуцијата на вакцини во Велика Британија е организирана од државната здравствена служба и кампањата за вакцинација е во тек, но властите предупредија оваа недела дека програмата за вакцинација може да забави во април, поради доцнењето на пратките со вакцини од Индија и потребата да се преиспитаат некои серии вакцини во Велика Британија . Британија досега се потпираше на вакцините на „АстраЗенека“ и „Фајзер/Бионтек“. паг/

Остани поврзан