• среда, 25 декември 2024

Полицијата уби 16-годишна Афроамериканка во Колумбус

Полицијата уби 16-годишна Афроамериканка во Колумбус
Вашингтон, 21 април 2021 (МИА) - Полицијата во Колумбус, главниот град на американската сојузна држава Охајо, уби 16-годишна Афроамериканска по интервенцијата дека со нож нападнала две девојки. Убиената девојка е идентификувана како Маки Брајант. Нејзината тетка Хејзел Брајант изјави дека тинејџерката живеела во згрижувачко семејство, а на инцидентот претходела расправија со други две девојки. На полициската снимка се гледа како Брајант замавнува со нож кон една од девојките, која паѓа, а потоа ја напаѓа другата девојка, при што полицаецот отворил оган. Хејзел Брајант тврди дека нејзината внука го фрлила ножот пред да биде повеќепати застрелана. Локалните медиуми објавија дека група демонстранти се собрале во близина на куќата каде се случи инцидентот. Градоначалникот на Колумбус, Ендрју Гинтер го потврди инцидентот, истакнувајќи дека полицајците ја снимале интервенцијата и оти Бирото за криминалистичка истрага од Охајо (БЦИ) отвори истрага. ми/

Остани поврзан