Полицијата спречи меѓународен транспорт на дрога, уапсени дилери од Горна Матка и Грчец
- Полициски инспектори за спречување на недозволена трговија со дрога и специјалците од САЕ Тигар денеска спречија меѓународен транспорт на дрога од Албанија во нашата држава.
![Полицијата спречи меѓународен транспорт на дрога, уапсени дилери од Горна Матка и Грчец](https://new.mia.mk/index.php/images/20231203154120_big_730x400_25.webp )
Скопје, 3 декември 2023 (МИА) - Полициски инспектори за спречување на недозволена трговија со дрога и специјалците од САЕ Тигар денеска спречија меѓународен транспорт на дрога од Албанија во нашата држава.
На влезот во Гостивар запленета е дрога, а уапсени се лица од Горна Матка и Грчец.
Од МВР потврдуваат дека е во тек полициска акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување. бк/аа/
Фото:МИА архива