• среда, 25 декември 2024

Полицијата приведе 35-годишен скопјанец баран со потерница

Полицијата приведе 35-годишен скопјанец баран со потерница
Скопје, 1 септември 2021 (МИА) - Полициски службеници од ЕВР Кисела Вода утрово уапсија 35 годишен скопјанец, баран со потерница за истрага за сторено кривично дело „измама“, информираат од Министерството за внатрешни работи. -На 01.09.2021 во 09:30 часот на улица „Ангел Димовски“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода-Отсек потраги го лишиле од слобода А. М. (35) од Скопје, кој се барал со потерница за истрага за сторено кривично дело по член 247 - „измама“ од Кривичниот законик, се вели во соопштението од МВР. Лицето било предадено во Полициската станица Аеродром за понатамошна постапка. аа/дма/

Остани поврзан