• среда, 25 декември 2024

Полицијата не регистрирала нарушување на јавниот ред и мир на протестот во Охрид

Полицијата не регистрирала нарушување на јавниот ред и мир на протестот во Охрид
Охрид, 7 октомври 2022 (МИА) - Не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир на денешниот протест против отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Како што соопшти СВР Охрид, полициските службеници евидентирале едно лице кое на јавно место фрлило предмет кон група граѓани. - Против лицето ќе биде поднесена прекршочна пријава по член 5 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, стои во информацијата на СВР Охрид. сс/хс/

Остани поврзан