• четврток, 26 декември 2024

Полицијата на БиХ разби криминална група која шверцувала дрога и оружје во ЕУ

Полицијата на БиХ разби криминална група која шверцувала дрога и оружје во ЕУ

Сараево, 18 мај 2023 (МИА) – Полицијата на Босна и Херцеговина разби криминална група, која изминативе четири години шверцувала дрога и оружје во земјите од Европска Унија, остварувајќи милионски профит.

Според соопштението на Државната полициска агенција за истрага и заштита (СИПА), нивни припадници извршиле претреси на единаесет локации на подрачјето на три окрузи во Федерацијата Босна и Херцеговина и градот Бања Лука, по што уапсиле четири лица.

Криминалната група се товари за шверц на дрога, оружје и воена опрема и за перење пари.

Акцијата е спроведена по четири години следење на групата, при што полицијата на БиХ соработувала со полицајци на хрватскиот УСКОК, а докази биле прибирани и со дешифрирање на апликацијата за комуникација Скај.

Осомничените од 2019 до денес во земји-членки на ЕУ прошверцувале околу 300 килограми спид, повеќе од сто килограми сканк, 20 килограми смеса за зголемување на спидот, 42 литри амфетаминско масло и четири големи вреќи екстази. Тие исто така прошверцувале 50 парчиња различно огнено оружје - автоматски пушки и пиштоли од различни марки и калибри. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан