• сабота, 23 ноември 2024

Полицијата кај битолчанец откри пиштол и шок-бомба

Полицијата кај битолчанец откри пиштол и шок-бомба
Битола, 20 април 2022 (МИА) - Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција - Отсек за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Битола попладнево го лишиле од слобода 34-годишниот битолчанец В. П.. Од секторот за односи со јавност при СВР-Битола известија дека при претрес во неговиот дом во Битола, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 9 мм со една рамка и една шок-бомба. В. П. е приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок. мт/вј/

Остани поврзан