• вторник, 12 ноември 2024

Полицијата за мостот во Балтимор: Не станува збор за тероризам

Полицијата за мостот во Балтимор: Не станува збор за тероризам

Балтимор, 26 март 2024 (МИА) - Нема докази дека ударот со брод што го предизвика уривањето на мостот Френсис Скот Ки бил намерен, соопшти полицијата во Балтимор додека продолжува потрагата по неутврден број исчезнати лица во реката Потапско, јавуваат американските медиуми.

„Апсолутно нема индикации дека станува збор за некаков вид тероризам, дека тоа е направено намерно“, рече началникот на полицијата во Балтимор, Ричард Ворли на прес-конференција.

Мостот Френсис Скот Ки во Балтимор се урна откако ноќеска контејнерски брод удрил во еден од неговите столбови.

Бројот на исчезнати лица се уште не е утврден.

Портпаролот на локалната противпожарна единица претходно изјави дека во водата има дваесетина луѓе, но новите податоци покажуваат дека ги има помалку. Потрагата е отежната поради намалената видливост и ниските температури. Температурата на водата во реката е околу девет степени Целзиусови. Во овие услови во реката може да се преживее околу три часа, па нуркачите се во трка со времето.

По уривањето на мостот спасувачките екипи утврдиле дека има возила во реката Пoтапско. паг/

Фото: Икс

 

Остани поврзан