• сабота, 23 ноември 2024

Полицијата заплени дрога во вредност од над милијарда долари во Златниот триаголник

Полицијата заплени дрога во вредност од над милијарда долари во Златниот триаголник

Бангкок, 11 септември 2024 (МИА) - Полицијата успешно заврши 16-дневна акција во рамките на азискиот регион Златен триаголник, запленувајќи дрога во вредност од над 1,04 милијарди долари.

Новинската агенција Јонхап известува дека акцијата е спроведена со учество на Интерпол, Јужна Кореја и полицијата на уште шест земји.

Операцијата се одвивала во Тајланд, Мјанмар и Лаос, регион познат како Златен триаголник, кој е еден од главните центри за производство и трговија со дрога во светот.

Во акцијата се уапсени 29 осомничени лица.

Полицијата соопшти дека операцијата, позната како „Lionfish-Mayag II“, се спроведувала од 22 јули до 7 август, со поддршка од САД, Камбоџа и Австралија.

Меѓу запленетата дрога имало околу 1,5 тони кетамин. ссм/

фото: Википедија

Остани поврзан