• среда, 25 декември 2024

Полицијата во Пакистан уби бомбаш-самоубиец и спречи напад

Полицијата во Пакистан уби бомбаш-самоубиец и спречи напад
Лахор, 24 ноември 2020 (МИА) - Пакистанската полиција денеска уби осомничен бомбаш-самоубиец кој успеа да влезе во полициска станица на истокот од земјата и со тоа спречи планиран екстремистички напад.
Според полицијата, екстремистот бил убиен при размена на оган со полицијата во просториите на станицата во селото Бурки, недалеку од градот Лахор.
Осомничениот бомбаш носел елек со експлозив и со себе имал две рачни бомби и пиштол.
Безбедносните сили во Пакистан често се мета на екстремисти кои сакаат владата да престане да го поддржува Вашингтон во војната против тероризмот и да ги спроведува исламските закони во земјата. паг/
 

Остани поврзан