• среда, 27 ноември 2024

Полицијата во Најроби употребила гумени куршуми и солзавец против демонстрантите

Полицијата во Најроби употребила гумени куршуми и солзавец против демонстрантите

Најроби, 27 јуни 2024 (МИА) - Полицијата во Кенија денеска испука гумени куршуми за да ги растера демонстрантите кои се собраа во центарот на главниот град Најроби, пренесуваат новинарите.

Претходно денеска, органите на редот собрани во голем број на улиците на деловниот кварт употребија солзавец за да ги растераат расфрланите групи демонстранти, два дена откако протестите против фискалната политика на владата се претворија во крвопролевање, во кои загинаа 22 лица, според кениската организација за заштита на човекови права.

Демонстрантите се собраа денеска и покрај вчерашната најава на кенискиот претседател Вилијам Руто дека го повлекува предлог-буџетот по насилните протести во главниот град на земјата.

Руто вчера најави дека нема да го потпише законот за зголемување на даноците еден ден по немирите во кои демонстрантите упаднаа во зградата на парламентот и оставија најмалку 22 мртви.

Во Најроби денеска напладне избувнаа неколку судири меѓу безбедносните сили распоредени во голем број во центарот на градот и малите групи демонстранти. Најмалку три лица се приведени. Полицијата со антидемонстративна опрема ги блокираше сите патишта кои водат до претседателската палата и парламентот.

За време на претходните протести во вторникот, полицијата пукаше со боева муниција кон неколку невладини организации за да се обиде да ја задржи толпата, која ги проби безбедносните огради и упадна во комплексот на Националното собрание и Сенатот, што е чекор без преседан во историјата на земјата од независноста во 1963 година. мс/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан