• сабота, 23 ноември 2024

Полицијата во Мелбурн денеска се подготвува за четвртиот ден од протестите против карантинот

Полицијата во Мелбурн денеска се подготвува за четвртиот ден од протестите против карантинот
Мелбурн, 23 септември 2021 (МИА) - Полицијата во Мелбурн денеска се подготвува за четвртиот ден од протестите против заклучувањето, а центарот за вакцинација во градот е затворен неколку дена, откако демонстрантите го вознемириле персоналот, додека нови случаи на Ковид-19 низ австралиската држава Викторија го соборија дневниот рекорд. Стотици демонстранти излегоа на улиците во градот со пет милиони жители, откако официјалните лица во понеделникот наредија градилиштата да се затворат две недели и пропишаа дека вакцините се задолжителни за градежните работници со цел да се ограничи ширењето на вирусот. Неколку здравствени работници потврдија дека центарот за вакцинација во градското собрание во Мелбурн е затворен, откако неколку вработени биле физички и вербално малтретирани од демонстрантите додека доаѓале на работа. Додека властите се подготвуваат за нови протести, Викторија денеска пријави 766 нови локални случаи, надминувајќи го претходниот рекорд од 725 заразени на 5 август 2020 година, со четири нови смртни случаи. Нов Јужен Велс, пак, пријави 1.063 нови инфекции, повеќе од претходниот ден кога имаше 1.035 заразени, а починаа шестмина. Австралија се бори со третиот бран на пандемијата, по избувнувањето на Делта вирусот во двата најголеми града, Сиднеј и Мелбурн и главниот град Канбера, што предизвика половина од 25 -те милиони жители на земјата да бидат под строги карантински ограничувања за да го спречат ширењето на инфекции. Властите ветија дека ќе ги олеснат мерките кога 70 проценти од возрасните ќе бидат целосно вакцинирани, што се очекува следниот месец. паг/    

Остани поврзан