• четврток, 26 декември 2024

Полициски службеник од Демир Капија осомничен за родосквернавење врз сопствениот син 

Полициски службеник од Демир Капија осомничен за родосквернавење врз сопствениот син 

Кавадарци, 16 август 2023 (МИА) – Донесено е решение за мерка притвор за полициски службеник од Демир Капија осомничен за родосквернавење врз сопствениот син, информираа денеска од Основен суд Кавадарци.

- Постапувајќи по предлогот на ОЈО Кавадарци за постоење основано сомнение за сторено кривично дело родосквернавење врз сопствениот син кога бил на возраст од 17 години по чл. 194 ст. 1 од КЗ, а во согласност со чл. 165 ст. 1 т. 3 вв чл. 168 од ЗКП и чл. 162 вв чл. 69 ст. 4 од ЗКП, судијата на претходна постапка Лидија Ридова на ден 16.08.2023 донесе решение за определување мерка притвор во траење од 30 дена спрема лицето З.П. полициски службеник од Демир Капија на возраст од 50 години, соопштија од Судот. свд/ир

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан