• сабота, 23 ноември 2024

Полициските хеликоптери исфрлија над 65 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“

Полициските хеликоптери исфрлија над 65 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“

Скопје, 25 јули 2024 (МИА) - Два хеликоптера од Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваа во гасење на пожарот во реонот на Јасен, соопштија од МВР.

-Во 12 налети исфрлени се над 65 тони вода со што се локализирани жариштата од едниот реактивиран крак на пожарот и спречено е ширење на огнот кон селото Брезница, селото Тажево и националниот парк „Јасен“, стои во соопштението од МВР. дма/бак/

Фото: МИА архива

видео: МВР

 

Видео

Остани поврзан