• недела, 24 ноември 2024

Полицискиот час го прекршиле 36 лица, 412 санкции за неносење маска

Полицискиот час го прекршиле 36 лица, 412 санкции за неносење маска
Скопје, 20 април 2021 (МИА) –  Триесет и шест лица не ја почитувале тековната забрана за движење, што е во сила од 20 часот навечер до 5 часот наутро, а изминатото деноноќие се регистрирани  412 прекршоци за мерката носење лична заштита на лице, информира Министерството за внатрешни работи. Од МВР апелираат да се почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел да се спречи ширењето на Ковид-19. ки/лв/  

Остани поврзан