• недела, 24 ноември 2024

Полицискиот час го прекршиле 12 лица, 408 санкции за неносење маска

Полицискиот час го прекршиле 12 лица, 408 санкции за неносење маска
Скопје, 11 март 2021 (МИА) - Полицискиот час синоќа од 22 часот (10.03.2021) до 05 часот (11.03.2021) не го почитувале 12  лица, информираа денеска од МВР. Од вчера во 22 часот почна да се применува одлуката на Владата на Република Северна Македонија за ограничување на движењето на граѓаните во периодот до 05 часот наутро. Синоќа дел од раководството на МВР, предводено од министерот Оливер Спасовски направи увид во спроведувањето на ограничувањето на движење во Скопје, Тетово, Куманово, Велес и други градови. Во соопштението од МВР стои дека се преземени сите потребни активности контролата на ограничувањето на  движењето да се спроведе  согласно одлуката на Владата. Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 408 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19. цр/лв/

Остани поврзан