• понеделник, 26 август 2024

Полицискиот хеликоптер фрли над 45 тони вода врз пожарите на Илинска планина, Беласица и Градманци

Полицискиот хеликоптер фрли над 45 тони вода врз пожарите на Илинска планина, Беласица и Градманци

Скопје, 6 август 2024 (МИА) - Полициски хеликоптер деенска учествуваше во гасење на три пожари. Во раните утрински часови полициски хеликоптер од типот Бел-412 со хеликоптерот Х215 од хеликоптерската единица на Српското министерство за внатрешни работи почна да дејствува на пожарот на Илинска планина, соопшти МВР.

Во текот на денот, по разгорување на пожарот на Беласица  хеликоптерот беше упатен да дејствува врз овој пожар, а потоа и врз пожарот што изби во атарот на село Градманци, општина Петровец. Во текот на денот на пожарите се дејствуваше во 30 налети при што се исфрлени 45 тони вода.са/

Фото: МИА

Видео: МВР

Остани поврзан