• петок, 27 декември 2024

Полициска интервенција во Версајската палата, наредена евакуација

Полициска интервенција во Версајската палата, наредена евакуација

Париз, 4 јули 2024 (МИА) – Француската полиција спроведува интервенција во Версајската палата, објавија француските медиуми. Наредена е евакуација, но според полициски извори не станува збор за терористички напад.

-Безбедносните сили се на терен. Избегнувајте го просторот и следете ги упатствата на надлежните органи, се наведува на профилот на официјалната институција на социјалната мрежа Х.

Фигаро објави дека, според полициски извор, не се работи за операција поврзана со тероризам.

-Ова не е терористички напад, изјави портпаролот на националната полиција. мс/

фото: „Х“

Остани поврзан