• четврток, 26 декември 2024

Полициска акција „Синџир“ во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид

Полициска акција „Синџир“ во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид

Скопје, 30 октомври 2023 (МИА) - Од раните утрински часови на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид се вршат претреси и се приведуваат лица осомничени за кривични дела против јавните финансии и платниот промет. 

-Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, под кодно име „Синџир“, за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството што Обвинителството ја спроведе со Управата за финансиска полиција и истражители од Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, информираат од ОЈО ГОКК.

По завршување на акцијата, Обвинителството најавува детали за предметот. дма/

Фото:МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан