• среда, 25 декември 2024

Политико: Резервирани местата за четирите главни функции во Европската унија

Политико: Резервирани местата за четирите главни функции во Европската унија

Брисел, 12 јуни 2024 (МИА) - По изборите за Европскиот парламент, фокусот се префрли на тоа кој ќе заземе една од четирите клучни позиции во Европската унија, но се чини дека тие позиции се веќе резервирани, пишува бриселски Политико.

Порталот наведува дека имало невообичаено ран консензус за главните позиции, па Урсула фон дер Лајен останува претседател на Европската комисија, Португалецот Антонио Кошта станува претседател на Европскиот совет, Роберта Мецола од Малта останува претседател на Европскиот парламент, додека на позицијата шеф на дипломатијата на ЕУ доаѓа Каја Калас од Естонија.

„Ако очекувавте месечни дуели, возбудливи политички акции и бриселски моќници кои вадат остри ножеви за да обезбедат врвни работни места во ЕУ по европските избори, можеби ќе бидете разочарани“, пишува Политико. паг/

Фото: МИА архива
 

 
 
 

 

 

Остани поврзан