• четврток, 19 декември 2024

Политико: Орбан се заканува дека ќе ја опструира помошта за Украина за да му помогне на Трамп

Политико: Орбан се заканува дека ќе ја опструира помошта за Украина за да му помогне на Трамп

Будимпешта, 14 октомври 2024 (МИА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан се заканува дека ќе го блокира заемот од 50 милијарди долари за Украина, понудени од САД, ЕУ и лидерите на Г7 до одржувањето на изборите во САД, за да може поранешниот претседател на САД и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп да им каже на своите гласачи дека доколку биде избран, нема да му даде никаква помош на Киев, оценува порталот Политико.

Орбан рече дека Унгарија нема да се согласи на промена на правилото што ќе му овозможи на Вашингтон да игра главна улога во доделувањето на заемот до претседателските избори во САД, а за заемот треба да се разговара на самитот на ЕУ оваа недела во Брисел. ЕУ брзо планира да плати до 35 милијарди евра на Украина, што го покрива американскиот удел од заемот, а треба да биде финализиран до крајот на октомври, изјави неименуван европски дипломат за Политико, додавајќи дека Орбан не потклекнува на притисокот од Претставниците на ЕУ да ја одобрат таа исплата.

На Украина итно и треба ново финансирање од нејзините западни сојузници за да ја одржи земјата во функција и да се подготви за претстојната зима, а тој заем треба целосно да се отплати користејќи го профитот остварен со инвестирање на руски замрзнати средства низ западните земји поради рускиот напад врз Украина. Вашингтон инсистира дека ЕУ треба да го продолжи рокот за обновување на санкциите на најмалку 36 месеци, а според сегашните правила, санкциите на ЕУ се обновуваат на секои шест месеци, што ја зголемува веројатноста дека една земја ќе ги одмрзне имотите, принудувајќи ги националните влади да ги користат парите на даночните обврзници за да го врати кредитот, наведува порталот.

Сите лидери на ЕУ, освен Орбан, се за продолжување на периодот на важност на санкциите на 36 месеци, како што побараа САД.

Според правилата на ЕУ, сите 27 земји-членки треба да одобрат какви било промени во правилата за санкции. „САД сигнализираа дека размислуваат да учествуваат во заемот, иако со значително помал износ, дури и ако ЕУ не може да го продолжи периодот на важност на санкциите“, изјави дипломат на ЕУ за Политико. Тој рече дека една од опциите е Вашингтон да инвестира пет милијарди долари, што е приближно еднакво на износот на руските средства лоцирани на територијата на САД. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан