• четврток, 26 декември 2024

Политико: Бајден ќе издаде наредба против насилството на еврејските доселеници, се очекуваат и санкции

Политико: Бајден ќе издаде наредба против насилството на еврејските доселеници, се очекуваат и санкции

Вашингтон, 1 февруари 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден се очекува да издаде извршна наредба против еврејските доселеници кои ги напаѓаат Палестинците на окупираниот Западен Брег, објави Политико, повикувајќи се на документи и американски официјален претставник.

Наредбата се очекува да биде објавена подоцна денеска, според документите и официјален претставник на САД, а се очекува да вклучи и санкции против имигрантите, објави Политико.

Бајден и други високи американски функционери постојано предупредуваа дека Израел мора да дејствува за да го запре насилството на израелските доселеници врз Палестинците на Западниот Брег.

Нападите таму се зголемија во последните месеци, бидејќи еврејските населби се проширија, а потоа повторно се зголемија по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Во декември, САД го забранија издавањето визи за луѓето вклучени во насилството на Западниот Брег, окупиран од Израел. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан