• вторник, 24 декември 2024

Политико: Бајден тајно и дал дозвола на Украина да изврши напади во Русија со американско оружје

Политико: Бајден тајно и дал дозвола на Украина да изврши напади во Русија со американско оружје

Вашингтон, 31 мај 2024 (МИА) - Администрацијата на американскиот претседател, Џозеф Бајден премолчено и дала дозвола на Украина да изврши напад во Русија, исклучиво во близина на регионот Харков, користејќи оружје обезбедено од САД, изјави денеска американски функционер и уште две лица кои знаеле за ова прашање, објави Политико.

Според бриселскиот портал, тоа е голема промена што ќе и помогне на Украина подобро да го брани својот втор по големина град.

-Претседателот неодамна му наложи на својот тим да обезбеди Украина да користи американско оружје за возвратен оган во Харков, за да може Украина да возврати на руските сили кои ги напаѓаат или се подготвуваат да ги нападнат, потврди американскиот функционер, додавајќи дека политиката за дозволување за удари на руска територија „не е променета“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан