Покренато кривично дело против јужнокорејскиот претседател поради воведувањето воена состојба
- Јужнокорејското обвинителство отвори кривично дело во кое претседателот Јун Сук-јеол е именуван како осомничен бидејќи минатата недела прогласи воена состојба.
Сеул, 8 декември 2024 (МИА) - Јужнокорејското обвинителство отвори кривично дело во кое претседателот Јун Сук-јеол е именуван како осомничен бидејќи минатата недела прогласи воена состојба.
Ова денеска го објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.
Јужнокорејскиот претседател на 3 декември прогласи „итна воена состојба“, обвинувајќи ја опозицијата дека го контролира парламентот, симпатизира со Северна Кореја и го парализира функционирањето на владата преку антидржавни активности. Под притисок на опозицијата и на јавноста после неколку часа воената состојба беше укината. ссм/
фото: архива