• среда, 18 декември 2024

Покетино со победа дебитираше на клупата на САД

Покетино со победа дебитираше на клупата на САД

 

Остин, 13 октомври 2024 (МИА) – Аргентинецот Маурисио Покетино го започна својот мандат како селектор на фудбалската репрезентација на САД со победа синоќа од 2:0 над Панама во Остин.

Поранешниот тренер на Тотенхем, Пари Сен Жермен и Челзи минатиот месец беше ангажиран да ја преземе американската репрезентација која победи само на една од последните седум натпревари.

Покетино ќе ги предводи САД на Светското првенство во 2026 кое Американците заедно ќе го организираат со Канада и Мексико.

Против Панамците, избраниците на Покетино победија со головите на играчот од средниот ред на Милан, Јунус Мусах (49) и напаѓачот на ПСВ Ајндховен, Рикардо Пепи (90+4).

„Чувството е многу добро. Беше многу, многу тежок натпревар за нас“, изјави Покетино.

„Градиме нешто малку по малку. Целта е 2026 година, но мислам дека сме среќни бидејќи бевме солидни и конкурентни. Но, тоа е само првиот чекор за подобрување“, додаде 52-годишниот аргентински стратег на клупата на САД. ег

ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан