• сабота, 23 ноември 2024

Покетино: За прв пат оваа сезона се чувствувам среќен

Покетино: За прв пат оваа сезона се чувствувам среќен

Лондон, 3 мај 2024 (МИА) - Менаџерот на Челси, Маурисио Покетино беше воодушевен по успехот од 2-0 во дербито со Тотенхем.

Тој призна дека за прв пат од почетокот на сезоната се чувствува среќен, а причината е што неговиот тим конечно сфатил дека мора да се бори со сите сили на своите натпревари.

-Имам доверба во играчите, дури и во овие моменти (14 повредени). Тоа беше одлична шанса да покажеме дека веруваме во нашата филозофија. Честитки за тимот, начинот на кој пристапија кон играта во првото полувреме, како се бранеа и се обидуваа да ја наметнат нашата игра. Мислам дека за прв пат во сезоната се чувствувам среќен бидејќи по 10 месеци играчите конечно разбраа дека треба да се бориме до крај. Денеска го направивме токму тоа, изјави Покетино. дс

Фото: Архива

Остани поврзан