• сабота, 23 ноември 2024

Покачувањето на пензиите во март догодина ќе значи зголемување на трошоците за 862 милиона денари месечно

Покачувањето на пензиите во март догодина ќе значи зголемување на трошоците за 862 милиона денари месечно

Скопје, 4 ноември 2024 (МИА) - Покачувањето на пензиите за 2 500 денари во март догодина ќе значи зголемување на трошоците во буџетот за 862 милиона денари месечно или за 14 милиони евра, рече денеска директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) , Никола Мемов.

Како што информира Мемов, за септември, трансферите на Владата кон ПИОМ изнесуваа 3,6 милијарди денари, а за исплата на пензиите во октовмри се околу 3,2 милијарди денари.

-Сегашното зголемување за 2 500 денари, од 1 септмеври, на вкупен износ од буџетот значеше покачување на пензиите за 11,2 отсто, истакна директорот, одговорајќи на новинарско прашање на настанот Платформа: 100% посветени за тебе - „Мерки и политики за унапредување на здравството, социјалната политика, демографијата и младите“.

Според него, на крајот од годината се очекува да се избалансира буџетскиот дефицит, односно да се намали на 35 - 36 проценти заради очекуваниот поголем прилив по основ на приходите од 18,6 отсто од придонесите.

Мемов напомена и дека средствата во Вториот пензиски столб заклучно со септември годинава изнесуваат преку 2,5 милијарди евра.

-Осигурениците треба да бидат сигурни дека државата се грижи за пензискиот систем и ја гарантира исплатата на пензиите на подолг период, нагласи директорот на ПИОМ. мч/аа/

фото: МИА архива и принт скрин

Остани поврзан