• сабота, 28 декември 2024

Показна вежба по повод Светскиот ден по прва помош

Показна вежба по повод Светскиот ден по прва помош
Тетово, 17 септември 2021 (МИА) - Општинската организација на Црвен крст во Тетово со показна вежба го одбележа Светскиот ден по прва помош. Светскиот ден се одбележува секоја втора сабота во септември, но поради пожарот во модуларната болница и трите дена жалост во Тетово активноста се одложи за денеска. - Направивме вежба како да се даде прва помош, како да им се пружи помош на луѓето кои се повредени. Во дворот на основното училиште во Голема Речица нашите волонтери направија симулација при што на условно речено повреден во сообраќајна несреќа покажаа како треба да му се даде прва помош. Исто така поделивме книги, флаери, брошури и направивме промоција на активностите на Црвениот крст, изјави Шкљќим Мурати, секретар во тетовскиот Црвен крст. Целна група се млади лица кои немаат ниту информации ниту практични познавања или животно искуство како да се помогне некому или пак самиот повреден како да постапи при случај на повредување. Потребно е да се укаже дека најважно е да нема паника и соодветно при повредата да се интевенира. Светскиот ден на првата помош е воведен од страна на Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина во 2000 година. ас/мс/

Остани поврзан