• недела, 28 јули 2024

„Поинт Ретаил Парк“, „Вива Фреш“ и „Касарна Илинден“ утре без вода

„Поинт Ретаил Парк“, „Вива Фреш“ и „Касарна Илинден“ утре без вода
Скопје 27 април 2022 (МИА) - ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје информира дека утре ќе има прекин на водоснабдување кај „Поинт Ретаил Парк“, „Вива Фреш“ и касарната Илинден“, поради дефект на улица „Боца Иванова“. - Ве известуваме дека на ден 28.04.2022 година, поради дефект на затворач ф-250 милиметри на улица „Боца Иванова“ бб (во близина на пругата покрај Серава), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица и дел од булевар „Македонско Косовска Бригада“, вклучително трговскиот центар “Поинт Ретаил Парк“, „Вива Фреш“ и касарната „Илинден“, се вели во известувањето. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од  09:00 часот и ќе трае до завршување со работните активности. сх/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан