• петок, 13 февруари 2026

Познат распоред за натпреварите од Куп завршницата во кошарака

Познат распоред за натпреварите од Куп завршницата во кошарака

Скопје, 6.февруари 2026 (МИА) - Завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ од 13. до 15. февруари ќе игра во спортската сала во Куманово, а Македонската кошаркарска федерација во договор со Македонската радио телевизија, која ќе врши директни преноси од натпреварите.  Тоа значи дека одредени се и сатниците за одигрување на натпреварите од „Фајнл-ејт“ турнирот во Куманово.

Првиот ден (петок – 13.февруари) се играат четвртфиналните дуели, кои стартуваат во 12 часот, а „вечното дерби“ меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички ќе играат од 14:30 часот. Во сабота ќе се играат двата полуфинални дуела, а финалето е закажано за недела (15.февруари) со почеток во 19 часот.

КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ – БУШТУР“ 2026 – КУМАНОВО

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ЧЕТВРТФИНАЛЕ – 13. ФЕВРУАРИ (ПЕТОК)

12.00: ТФТ – Феникс 2010 (1)

14.30: МЗТ Скопје Аеродром – Работнички (2)

17.00: Кожув – Маџари (3)

19.30: Пелистер – МКК Куманово (4)

ПОЛУФИНАЛЕ – 14. ФЕВРУАРИ (САБОТА)

17.00: Победник 1 – Победник 4

19.30: Победник 2 – Победник 3

ФИНАЛЕ – 15. ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА)

19.00: Финале

Натпреварите од Куп завршницата ќе се играат во спортската слава во Куманово. мн/

Фото: МКФ

Остани поврзан