• понеделник, 29 јули 2024

Познат распоредот за одигрување на натпреварите на С.Македонија во Лигата на Нациите

Познат распоредот за одигрување на натпреварите на С.Македонија во Лигата на Нациите
Нион, 4 март 2020 (МИА) - По вчерашната ждребка во Амстердам каде С.Македонија ги доби противниците за новиот циклус од УЕФА Лига на Нации, беа одредени и датумите и времињата на одигрување на натпреварите. По освоеното прво место во групата од лигата Д на првото издание од турнирот, нашата земја сега се натпреварува во Лига Ц. Со освоено прво место во групата по ова издание на ЛН, би следувала промоција во Лигата Б. Распоред: 5 септември, 2020 | 15.00 ч. С.Македонија - Ерменија 8 септември, 2020 | 18.00 ч Грузија - С.Македонија 8 октомври, 2020 | 20.45 ч. Естонија - С.Македонија 11 октомври, 2020 | 18.00 ч. С.Македонија - Грузија 13 ноември, 2020 | 20. 45 ч. С.Македонија - Естонија 16 ноември, 2020 | 18.00 ч. Ерменија - С.Македонија

Остани поврзан