• недела, 06 октомври 2024

Познат американски антиваксер повика од смртна постела: Вакцинирајте се!

Познат американски антиваксер повика од смртна постела: Вакцинирајте се!
Мајами, 8 август 2021 (МИА) - Американски радиоводител и познат антиваксер Дик Фарел почина од коронавирус, но пред да го испушти последниот здив ги повика пријателите и неговите обожаватели задолжително да се вакцинираат, објави WPTV на Флорида. Фарел, кој е поранешен водител на федералната телевизиска мрежа Њузмакс, а сега радиоводител во Вест Палм Бич, од почетокот на пандемијата е домажин на програми во кои ги критува медицинските мерки и вакцините. Тој го нарече главниот специјалист за инфективни болести во САД, Ентони Фаучи „луд лажго, жеден за власт“ и отворено ги сметаше вакцините за „измама“. Фарел тврдеше дека демократските политичари никогаш немале позитивен тест на Ковид-19, бидејќи вирусот е „лага“ и има за цел да ги заблуди републиканците. Пред три недели Фарел беше примен в болница поради зараза со коронавирус и пред да почине радикално го смени мислењето за болеста. гт/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан