• понеделник, 02 септември 2024

Познато колку време ќе трае лекувањето на Садио Мане

Познато колку време ќе трае лекувањето на Садио Мане
Ливерпул, 28 јануари 2020 (МИА) - Водечкиот реализатор на Ливерпул, Садио Мане ќе ги пропушти и следните две средби, поради повредата што ја доби пред неколку дена. Ова го потврди менаџерот Јирген Клоп. Сенегалецот се жали на болка во мускулот по растегнување, принудувајќи го да се повлече во текот на првото полувреме од судирот со Вулверхемптон пред пет дена. Тоа значи дека тимот од Мерсисајд ќе биде без Мане во натпреварите против Вест Хем утре и против Саутемптон во сабота. - Имавме среќа што повредата не беше сериозна, објави Клоп.

Остани поврзан