• недела, 28 јули 2024

Познати термините и саатниците за првите 10 кола во ракометната Лига на шампиони

Познати термините и саатниците за првите 10 кола во ракометната Лига на шампиони
Скопје, 6 август 2020 (МИА) - Европската ракометна федерација во соработка со клубовите и ТВ куќи кои ги имаат правата за пренос на натпреварите од Лигата на шампионите, ги одредија термините и саатниците за првите 10 кола од групната фаза за сезоната 2020/2021. Македонскиот шампион Вардар 1961 своите натпревари на домашен терен во СЦ „Јане Сандански" ќе ги игра во термин од 20:45 часот, со исклучок на дуелот со Кјелце на 19 ноември што ќе се игра од 18:45 часот. Во тој термин ќе гостуваме и во Унгарија кај ПИК Сегед во рамките од 3 коло на 1 октомври. Од сезонава лигата на шампионите ќе се игра само во две групи. Вардар е во група со: ПСЖ, Кјелце, ПИК Сегед, Мешков, Порто, Елверум и Флензбург. Распоред на натпреварите на Вардар: 1. коло - 16 септември Мешков Брест - Вардар 1961 (18:45 часот) 2. коло - 24 септември Вардар 1961 - Елверум (20:45) 3. коло - 1 октомври ПИК Сегед - Вардар 1961 (18:45) 4. коло - 15 октомври Вардар 1961 - Флензбург (20:45) 5. коло - 22 октомври Вардар 1961 - Порто (20:45) 6. коло - 29 октомври ПСЖ - Вардар 1961 (20:45) 7. коло - 19 ноември Вардар 1961 - Кјелце (18:45) 8. коло - 25/26 ноември Кјелце - Вардар 1961 9. коло - 3 декември Порто - Вардар 1961 (20:45) 10. коло - 10 декември Вардар 1961 - ПСЖ (20:45). зс/

Остани поврзан