• вторник, 25 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Познати сите четвртфиналисти во Лигата на нации

Познати сите четвртфиналисти во Лигата на нации

Нион, 19 ноември 2024 (МИА) – По одигрувањето на синоќешните натпревари од А-сегментот во Лигата на нации, познати се сите четвртфиналисти.

Првото место во своите групи го освоија Португалија, Франција, Германија и Шпанија. 
На второто место по групната фаза се пласираа: Хрватска, Италија, Холандија и Данска.

Ждрепката за четвртфиналето ќе се одржи на 22 ноември во седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во Нион, Швајцарија. 

Првите натпревари ќе се играат на 20 март, реваншите на 23 март. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан