• сабота, 23 ноември 2024

Познати македонските претставници во квалификациите за еEuro2021

Познати македонските претставници во квалификациите за еEuro2021
Скопје, 29 јануари 2021 (МИА) - Битолчаните Давид Гаревски и Ташко Илиев ќе ја претставуваат македонската репрезентација на квалификацискиот турнир за пласман на еEURO 2021 година, соопшти вечерва Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Гаревски и Илиев беа најуспешни на квалификацискиот турнир кој ФФМ го организираше во соработка со македонската Еспорт федерација, - Формацијата која ја избравме и ни донесе резултат е 4-3-3. Димитриевски на голот, во одбраната Муслиу, Зајков, Алиоски и Кире Ристевски, во средниот ред Адеми, Барди и Елмас и во нападот Пандев, Трајковски и Несторовски. Дарко Велковски, Аврамовски и Стојановски влегоа како резерва. Ние сме и менаџери и играчи и во зависност од натпреварите и можноста да користиме одредени фудбалери ја поставуваме формацијата и играта. Иако се ова е виртуелно, се разбира дека е потребно тренирање, односно посветеност, истакнаа двајцата информатичари и македонски претставници на квалификацискиот турнир за пласман на eEURO 2021 година во заедничката изјава за официјалниот сајт на ФФМ. Извлекувањето на главните квалификации е закажано за 8. февруари во Лондон. ег/оџ/

Остани поврзан