• четврток, 26 декември 2024

Познати личности бараат отстранување на спомениците на американската Конфедерација

Познати личности бараат отстранување на спомениците на американската Конфедерација
Нешвил, 8 јули 2020 (МИА) - Познатиот поп-пејач Џастин Тимберлејк се впиша во листата славни личности кои бараат отстранување на спомениците во чест на американската Конфедерација од 19 век. Тоа, првенствено, се однесува на самата сојузна држава Тенеси - каде што тој живее, а кајшто според него има многу такви статуи и паметници. „Ако имаме намера да одиме напред, споменициве мора да се урнат. Но, да запомниме: Отстранувањето на спомениците не ја брише насилната историја на обесправеност во нашата земја - отстранувањето е симбол на почит кон црнокожите луѓе во Америка и чекор натаму кон понапредно општество на еднаквост“, напиша Тимберлејк (39) на Инстаграм. Меѓу неговите истомисленици се и неговата „сотатковинка“ од Тенеси - Тејлор Свифт, Фејт Хил од Мисисипи и други кои потекнуваат од југот на САД, каде што за време на Американската граѓанска војна 1860-тите била формирана таа контроверзна државна формација „Конфедеративни американски држави“.  си/

Остани поврзан