• недела, 17 ноември 2024

Познати домаќините на Зимските олимписки игри 2030 и 2034

Познати домаќините на Зимските олимписки игри 2030 и 2034

Лозана, 29 ноември 2023 (МИА) – Кандидатурите на Француските Алпи за Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2030 и Солт Лејк Сити за ЗОИ 20234 останаа единствени во преговорите со Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и за очекување се да бидат домаќини на Игрите, соопшти вечерва МОК.

Франција, во која идната година ќе се одржат Олимписките игри 2024 во Париз, последен пат беше домаќин на Зимските игри во 1992 година во Абервил, а американскиот Солт Лејк Сити беше домаќин на ЗОИ 2002.

Солт Лејк Сити првично сакаше да се кандидира за Зимските игри 2030, но се откажа од плановите бидејќи беше преблиску до летните Игри 2028 во Лос Анџелес.

Швајцарија и Шведска, исто така, изразија интерес за организација на Игрите 2030. Швајцарија, неуспешниот кандидат за овие две изданија кои официјално ќе бидат доделени идната година, влегува во „повластен дијалог“ за организација на ЗОИ 2038, им изјави на новинарите Карл Штос, претседател на Комисијата за избор на следниот домаќин на Игрите. ег/

Фото: ДПА

Остани поврзан