• недела, 28 јули 2024

Познати добитниците на општинските награди и признанија во Демир Капија

Познати добитниците на општинските награди и признанија во Демир Капија
Демир Капија, 3 ноември 2022 (МИА) - Познати се добитниците на општинските награди и признанија во Демир Капија, во чест на општинскиот празник 7 Ноември, соопштија вечерва од  Службата за информирање на јавноста.
- Одлуката за добитниците на награди и признанија ја донесе Советот на општината Демир Капија. Оваа година ќе бидат доделени две седмоноемвриски награди и тоа на  Сузана Крстова, вработена во општинската администрација и на др. Катица Бакиева Бојчева. Признанија за 2022 година ќе бидат доделени на Олгица Мелова од кајакарскиот клуб ,,Просек" од Демир Капија, невладината организација „Хуманост“, аматерскиот театар ,,Мирка Гинова", јавното претпријатие „Железници на Република С.Македонија - Инфраструктура", фудбалерката Мурвет Вардар и на др. Олгица Сакламаева, информираа од прес-службата при локалната самоуправа.
Оттаму нагласија дека наградите и признанијата се доделуваат за постигнати резултати при делувањето во различни области од општествениот живот. свд/сст/

Остани поврзан