• петок, 27 декември 2024

Познатиот епидемиолог Меља, единствен во поширокиот дебарски регион, повторно во служба на здравјето

Познатиот епидемиолог Меља, единствен во поширокиот дебарски регион, повторно во служба на здравјето

Дебар, 8 јуни 2023 (МИА) - Познатиот дебарски епидемилог Ментор Меља, кој во декември минатата година беше пензиониран, на задоволство на жителите од поширокиот дебарски регион, повторно е во служба на нивното здравје.

Меља е единствен епидемилог во подрачјето на општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше и долги години беше раководител на дебарската работната единица на заводот за јавно здравје-Охрид. Негова заслуга меѓу другото е откривањето на првите случаи со Ковид-19 на ова подрачје и во целиот пандемски период беше максимално ангажиран.

-Во декември минатата година го остварив правото на пензија, но се чувствувам подготвен и понатаму да им служам на жителите од ова подрачје. Поради тоа доставив барање до министертвото за здратсво да може да продолжам со мојата работа. Одговор добив деновиве дека сум ангажиран со договор на дело и ете веќе сум во служба на здравјето на граѓаните, изјави Меља за МИА.

Во изминатите шест месеци жителите од ова подрачје беа приморани за одредена здравствен услуга да одат до Охрид, каде има само еден епидемиолог или во Скопје, бидејќи и Струга нема ваков кадар.

Жителите од ова подрачје мака мачат и кога им е неопходна услуга од лекар специјалист за уво, грло, нос, бидејќи откако единствениот оториноларинголог, Баки Халили беше пензиониран па мора и за најмала услуга да одат во други градови.

Халили, кој долги години беше и директор на Општата болница со проширена дејност а прегледи на уво, грло, нос, вршеше на жителите од трите општини, за МИА потврди дека има доставемо барање и се надева дека набрзо ќе биде ангажиран.

И жителите од ова подрачје се надеваат дека позитивен одговор министертвото ќе даде и за Халили, со што ќе бидат надминати малтретирањата и дополнителните трошоци на кои се принудени сега. вт/дма/

 

Фото:МИА

 

Остани поврзан